Амадео ја разби руската армада, Италија го обезбеди првото место во нашата група

Италија повторно ја победи Русија, денеска со 70:66, во меч од нашата квалификациска група за настап на Евробаскетот во 2022 година.

Популарните Аѕури секако ќе играат на шампионатот бидејќи се домаќини заедно со Германија, Чешка и Грузија, но настапуваат и во квалификациите, и тоа многу успешно.

Со комбиниран тим, без евролигашките ѕвезди, Италијанците до нов триумф против Русија ги предводеше Амадео Тезитори со 27 поени и 9 скока.

Центарот на Италија апсолутно доминираше на паркетот во Талин и ја декласира руската одбранбена армада.

Џампаоло Ричи постигна 12 поени, а Марко Спису еден помалку во третиот триумф на водечата репрезентација во нашата група.

Русија сега има две победи и два порази, но и останува главен фаворит заедно со Италија за настап на ЕП 2022 година.

Македонија отпатува за Талин, но не играше поради неколку позитивни тестови на ковид-19 на дел од кошаркарите, па мечевите со Италија и Естонија се одложени и најверојатно ќе се играат во февруари во Русија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести