Аматери си организираа „фешта“ со автобус за освоениот трофеј (Фото)

Аматерскиот тим на Дакпонд не значи ништо во европски рамки, но сепак тоа што го прават луѓето од овој клуб е за почит. Клубот кој е формиран во 2011 година во малото англиско градче Харуич знае како да се радува на успесите. Тие во изминатава сезона ги освоија Купот и првенството на Лигата во Колчестер и регионот.

По овој успех, 29-годишниот Мајкл Хамонд, кој е играч и менаџер, но и основач на клубот, реши да организира прослава. Беше изнајмен автобус и фудбалерите качени на автобусот прошетаа низ улиците на градчето за да ги покажат освоените трофеи.

Ваквото задоволство со изнајмениот автобус го чинеше Хамонд 4.000 фунти. За Дакпорт ова не е првпат да имаат причина за славење. Тимот веќе трета сезона по ред прави исчекор во еден ранг погоре покажувајќи дека има и фудбалски квалитет.

- Оглас -

Најнови вести