Аматерски тим од Ирска доби три милиони евра поради еден трансфер на Ливерпул

Голманот Куивин Келехер по шест години поминати во дресот на Ливерпул, реши да го напушти „Енфилд роуд“. За овие шест години, Келехер бранеше само на 67 меча, но и покрај тоа што имаше малку шанса да го покаже својот квалитет, овој 26-годишен чувар на мрежата направи трансфер, и тоа вреден околу 15 милиони евра.

Најдобриот меч во дресот на Ливерпул ирскиот голман го имаше во финалето на Лига купот во 2022 година, кога Црвените го победија Челзи по подобро изведување на пенали со 11:10. Келехер тогаш имаше неколку клучни одбрани, а постигна и гол од пенал.

Во новата сезона Келехер ќе го носи дресот на Брентфорд кој плати околу 15 милиони евра за овој трансфер. Овој трансфер на Келехер донесе голема радост кај еден мал аматерски клуб во Ирска. Се работи за тимот на Ригмахон ренџерс, кој е непознат дури и во Ирска. Токму тој клуб бил првото место каде Келехер започнал да игра.

Уште во 2015 година е направен договор дека аматерскиот ирски клуб треба да добие 20 отсто од следниот трансфер на Келехер. Тоа значи дека за Ригмахон ренџерс ќе следуваат околу три милиони евра од трансферот на голманот во Брентфорд.

Веднаш се јавија од Ригмахон ренџерс, кој потенцира дека добиените пари од овој трансфер ќе ги инвестираат во подобрување на инфраструктурата.

 

- Оглас -

Најнови вести