Поранешниот јапонски репрезентативец Кеисуке Хонда, пред два дена ја насмеа фудбалската јавност со објавата на „Твитер“. Ексиграчот на Милан и ЦСКА Москва сам се понуди на Манчестер јунајтед, па напиша: „Дајте ми понуда, пари не ми требаат, но сакам да играм за голем клуб покрај врвни играчи“.
Хонда ги понуди неговите услуги со цел да му помогне на тимот на Солскјер да се изборат за подобри резултати, но она што повеќе нè изненади е македонскиот клуб Вардар. Црвено-црните одговорија на објавата на Хонда со амбициозна понуда: „Добредојден си во Вардар, да играш за најдобриот клуб на светот со најдобрите соиграчи!“
Јапонецот добар дел од кариеата играше за руските Армејци, а потоа се проба и во редовите на Милан. Во меѓувреме Хонда настапуваше и за Нагоја, Венло, Пачука и Мелбурн сити. Своевремено важеше за врвен играч за врска, најголемо внимание сврте на себе играјќи за ЦСКА, а иако е речиси незамисливо да ја прифати понудата на Вардар, несомнено Хонда би бил врвно засилување за најдтрофејниот македонски клуб.
You are more than welcomed in @FKVardar, greatest team in the world with the best teammates!
— FK Vardar (@FKVardar) September 27, 2019