Израел – Македонија (20:45ч – ЕП 2020 квалификации, петто коло)
Во Халифа пред две години докажавме дека можеме да му се заканиме на Израел. Тој минимален триумф од 1-0, нашите репрезентативци треба го искористат како мотив за повторно да се обезбеди позитивен резултат. Иако во нашиот состав најверојатно ќе го нема играчот кој ја реши средбата во 2017 година, капитенот Горан Пандев, селекторот Ангеловски и останатите негови избраници се оптимисти дека Изреал може повторно да падне.
Иако вкупниот меѓусебен скор не е во наша корист, четирите победи на Израел во вкупно пет меча се минато и ништо не значат за нашите Рисови. Целта на Македонија е непоразена да замине од Светата земја за да се заборават поразите од Австрија и Полска претрпени во Скопје во минатиот квалификациски циклус.
Предлог тип: X2 & 2+ (3.0) – квота на денот во Sport Life
Ерменија – Италија (18ч – ЕП 2020 квалификации, петто коло)
Аѕурите првпат по шест години пауза ќе ги одмерат силите со аутсајдерот Ерменија, што значи дека новата генерација предводена од Роберто Манчини не го знае противникот, иако фудбалски гледано е далеку поквалитетна. Италија планира да го одржи пефектниот учинок во овие квалификации, а со евентуален петти триумф на исто толку меча, ќе се потврди и нивната фаворитска улога во групата Ј.
Во Хереван Манчини нема да смета на еден од клучните репрезентативци, Лоренцо Инсиње, но тоа е шанса за останатите да го оправдаат повикот на селекторот. Италија во четирите претходни победи во просек постигнуваше по четири гола, а слична ефикасност се очекува и денес.
Предлог тип: 2 & 2-4 (2.0)
Ирска – Швајцарија (20:45ч – ЕП 2020 квалифкации, петто коло)
Ирците засега ја предводат групата Д, во која Швајцарија и Данска се најсериозните противници. Со 10 бода од четири меча и да загубат вечерва ќе останат, лидери во квалификациската група, но ќе направат сè за да не се разочара домашната публика во Даблин.
Последниот меѓусебен дуел на Ирска и Швајцарија се одигра во 2016 година, пријателската средба ја добија Ирците со минимални 1-0. Претходно, повеќе од 10 години нивните патишта не се вкрстија, така што резултатите од 2005 година, па наназад не играат голема улога. Швајцарците првпат по поразите од Португалија и Англија на Ф4 во Лигата на нациите се собраа за официјален натпревар, па затоа пожелно е да бидат на ниво вечерва и бидат ефикасни во своите напади.
Предлог тип: 1-3I & 1-3II
Романија – Шпанија (20:45ч – ЕП 2020 квалификации, петто коло)
Фуријата е апсолутен фаворит во овој дуел, но Романците никако не треба да се отпишат предвреме. Имаат талентирана репрезентација, особено што голем дел од фудбалерите до 21 година по прикажаното на ЕП за млади, добија шанса да бидат меѓу сениорите. Во овие квалификации, Романија е ефикасна исто колку и Шпанија, двете селекции имаат по 11 погодоци по четири меча, разликата е во бодовите. Шпанците се перфектни со 12 бода, Романија ја дели втората позиција со Шведска со по седум бода.
Само еден меѓусебен дуел одиграле овие два национални состави од 2006 година, контролката во март 2016 година заврши без победник и без голови. Формата на Шпанците треба да им биде доволна мотивација за да продолжат во исто темпо, иако се со нов селектор по заминувањето на Луис Енрике од приватни причини.
Предлог тип: 2-2 & 2+ (20:45ч – ЕП 2020 квалификации, петто коло)
Доминиканска Република – Франција (14:30ч Мундобаскет, трето коло групна фаза)
Двете непоразени селекции денес ќе ги одмерат силите во битката за првата позиција во групата Г. Французите беа добри со Германија, а доминантни против Јордан, репрезентација која, пак, им направи доста проблеми на Доминиканците.
Во двата претходни меча, Триколорите постигнаа вкупно 181 поен, Доминикана изброи до 150, што значи дека големи се шансите резултатот во денешната пресметка да има голем износ, односно да се премине зададената граница во вкупниот збир поени.
Предлог тип: >156.5 поени (2.10)