Грент Фишер постави нов светски рекорд на 3.000 метри на затворено, триумфирајќи на „Милроуз игрите“ во САД.
Американскиот атлетичар ја заврши трката со неверојатно време од 7:22,91 минути, со што го подобри претходниот рекорд на Етиопјанецот Ламеча Гирма за речиси цела секунда.
Зад него заврши Кол Кукер, кој исто така истрча подобро време од претходниот рекорд (7:23,14), додека бронзениот медал го освои Џими Гресие.