Американецот Ајви е нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром

Американецот Бре Ајви (25 год, 191 см) е нов играч на МЗТ Скопје Аеродром кој треба да биде и адут во трката да се одбрани титулата во домашното првенство, соопштуваат од тимот од „Јане Сандански“.

Ајви е кошаркар кој досега го носеше дресот на Академија ФМП, а во домашното првенство во дресот на „академците“ од Кисела Вода одигра 20 меча со просек од 17 поени, 4,6 скока и 3,4 асистенции, додека во Балканската лига (БИБЛ) на осум средби просечно реализираше 23,4 поени со 4,5 скока и 2,7 асистенции.

За Американецот ова е прва сезона во Европа, откако претходно одигра две сезони за Сан Хозе стејт универзитетот, каде што на 62 средби просечно реализирал девет поени со 2,6 скока и 2,9 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести