Кристијан Пулишиќ после четири години во Челзи, од летово ќе има нов клуб. Раководствата на клубот од Лондон и Милан постигнале договор за обесштетувањето, кое ќе изнесува 20 милиони евра и репрезентативецот на САД наскоро ќе се пресели на “Сан Сиро“.
Ова ќе биде втор трансфер ова лето од Челзи во Милан, откако претходно и Лофтус-Чик стана член на “црвено-црните“ од Милано.
Пулишиќ во 2019-тата пристигна во Челзи од Борусија Дортмунд за 64 милиони евра и за клубор од “Стемфорд Бриџ“ одигра вкупно 145 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 26 голови.