Фудбалерот на Јувентус и американски репрезентативец, Вестон Мекени, за првиот свој меч на Светско првенство се подготви со – нова фризура.
Меккени на тренинг се појави со фризура во која има детали во боите на знамето на САД. Овој 24-годишен играч има 37 настапи за сениорскиот национален тим, а придонесот му е 9 гола и 4 асистенции.