Американецот Опелка го бојкотира ОП на САД: Ролан Гарос е единствен вистински гренслем

Американскиот тенисер Рајли Опелка нема да настапи на Отвореното првенство на САД кое почнува на 28 август. Не е повреден, па може да се претпостави дека станува збор за бојкотирање на Отвореното првенство на САД од страна на Опелка.

„Моментно Ролан Гарос е единствен вистински гренслем, другите се исполитизирани. Не ја сакам земјената подлога, но го сакам Париз. Во Австралија не му дозволија на Ѓоковиќ да игра, а ќе ги пуштат Русите. Така е и на Отвореното првенство на САД. Вимблдон ги забрани Русите, но го пушти Ѓоковиќ. Само Ролан Гарос им дозволи на сите да играат“, изјави Опелка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести