31.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Американецот Теренс Крофорд оствари историски подвиг во најгледаниот боксерски меч во последните 50 години

Теренс „Буд“ Крофорд (42-0) со едногласна одлука на судиите (115-113, 115-113, 116-111) го совлада Саул „Канело“ Алварез (63-3) и оствари историски подвиг, стана првиот боксер кој ги обедини сите најважни светски титули во третата различна тежинска категорија.

Крофорд, поранешен шампион во суперлесна и велтер категорија, го предизвика Канело во борба за титулите во суперсредна категорија, која е три нивоа над неговата природна тежина.

Мечот се одржа во Лас Вегас пред 70.000 гледачи, а по 12 феноменални рунди Американецот извојува победа и остана непоразен.

За Алварез ова беше трет пораз во кариерата, по поразите од Флојд Мејведер јуниор и Дмитриј Бивол.

Според организаторите Турки Алашик и Дана Вајт, станува збор за најгледаниот боксерски натпревар во последните педесет години, дополнително засилен со фактот што беше бесплатен за сите претплатници на „Нетфликс“.

Крофорд за победата заработи околу 10 милиони долари, додека поразениот Канело инкасираше дури 150 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести