Американката е вистинска снежна кралица во Загреб, по петти пат победува на „Сљеме“

Микаела Шифрин својата феноменална форма ја потврди и со денешната победа на женскиот слалом во Загреб, па сега Американката има 81 победа во кариерата, само една помалку од Линдзи Вон, која го држи рекордот во женското скијање.

Шифрин, која по рекорден петти пат победи на „Сљеме“ и како снежна кралица доби круна, уште утре може да ја стигне Вон бидејќи повторно ќе се вози слалом на истото место, кое Шифрин одлично го познава.

Петра Влхова победуваше во Загреб во претходните три години, а денеска мораше да се задоволи со второто место. Таа имаше 76 стотинки послабо вкупно време од победничката.

Поради високата температура, патеката и снегот не беа во идеална состојба, па многу скијачки се жалеа на условите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести