31.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Американката ги шокираше сите: Го освои турнирот и најави пензија на 30 години

Американската тенисерка, Даниел Колинс, сензационално го освои Мастерс турнирот во Мајами и стана најслаборангираната тенисерка која дошла до трофеј на турнирите од мастерс-серијата. Таа до трофејот дојде како 53-та тенисерка во светот, а со поените кои ги освои ќе се искачи на 22-рото место.

Сепак, после завршувањето на турнирот, таа ја изненади целокупната спортска јавност откако најави пензионирање, иако има само 30 години.

„Знам дека луѓето сакаат да ме гледаат кога играм, но имам проблеми со здравјето кои го прават мојот живот комплициран надвор од тениските терени. Се надевам дека сите ќе ја почитуваат мојата одлука, бидејќи е од лична природа. За мене освојувањето на турнирот е како сонот да се претвори во јаве. Прва голема титула на 30 години, голема поддршка на секој чекор. Никогаш нема да го заборавам ова.“ – рече Колинс.

Американката дополнително ќе одлучи кога ќе стави крај на кариерата, даил во текот на сезоната или после завршувањето, а нејзините настапи продолжуваат на турнирот во Чарлстон.

- Оглас -

Најнови вести