Американките ќе го бранат златото во ватерполо

Женската ватерполо селекција на САД ќе го брани златото, односно на трети Игри во низа ќе се бори за најголемото олимписко одличје, откако во полуфиналето ги совладаа Русинките со 15:11.

Иако Русија отвори со водство од 3-2 по првата четвртина, поточно водеше со 7-6 по првото полувреме, Американките одговорија со освојување на третиот период со 5-2, а потоа и со 4-2 во решавачката делница за потврда на сигурниот триумф.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат селекциите на Шпанија и Унгарија, во 12:50 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести