Бранителките на светската титула со максимални три победи ги поминаа групите на овогодишниот женски Мундијал. САД славеше со 2-0 над Шведска, но и двете репрезентации одат понатаму во нокаут-фазата.
Головите на Хоран и Хит беа доволни вкупно за 9 бода по три меча и вкупна гол-разлика 18-0, додека Швеѓанките како второпласирани во осминафиналето ќе се сретнат со репрезентацијата на Канада. САД, пак, ќе игра дерби против Шпанија.
Чиле пласманот до нокаут-фазата можеше да го оствари само ако победи со 3-0, а во мечот против Тајланд фалеше еден гол за таа цел. Пировиот триумф од 2-0 не им беше доволен, па на табелата за третопласирани завршија на претпоследното место, зад Нигерија и Камерун.
резултати 20 јуни:
Холандија 2-1 Канада; Камерун 2-1 Нов Зеланд; Шведска 0-2 САД; Тајланд 0-2 Чиле.
Осминафинале:
Германија – Нигерија, 22 јуни 17:30 часот
Норвешка – Австралија, 22 јуни 21 часот
Англија – Камерун, 23 јуни 17:30 часот
Франција – Бразил, 23 јуни 21 часот
Шпанија – САД, 24 јуни 18 часот
Шведска – Канада, 24 јуни 21 часот
Италија – Кина, 25 јуни 18 часот
Холандија – Јапонија, 25 јуни 21 часот