Американките рутински до седмо олимписко злато во низа

Женската кошаркарска репрезентација на САД по седми пат во низа го освои златниот медал на Олимпијадата, откако во финалето славеше со 90:75 против домашната селекција на Јапонија.

До 55-тиот последователен триумф на ОИ, Американките беа предводени од Грајнер со 30 поени, а за златото придонесе и Вилсон со 19 поени. Историја испишаа Су Бирд и Дајана Тораси како единствени спортистки кои имаат освоено пет златни медали во тимските спортови на Олимпијадите.

Американките до одбраната на златото тргнаа фуриозно уште во воведниот период, предноста од 11 поени во второто полувреме беше удвоена, а шампионките во еден момент имаат и +25 разлика во своја корист, пред јапонската селекција во финишот да го ублажи поразот.

За Јапонките сребрениот медал најголем успех во женската кошарка, додека со бронза се закитија Французинките по победата над Србија ден порано со 91:76.

- Оглас -

Најнови вести