Американски клуб забрани дресови од Меси на нивниот стадион!

Не се сите воодушевени од пристигнувањето на Лео Меси во САД. Екипата на Сент Луис Сити забрани дресови од Меси на нивниот стадион, во делот каде се сместени нивните навивачи.

Забраната значи дека не смее да се носат дресови од ниту еден клуб во кој настапувал аргентинецот, дури и оние од неговите млади години како Росарио или Невилс.

– “Дресовите на противникот не се дозволени во делот кај навивачите. Дресови кои не смее да се носат се оние на Мајами, Аргентина, Барселона, ПСЖ, Невилс Олд Бојс и Росарио, односно сите клубови за кои настапувал Лео Меси. Тоа е нашата политика од првиот ден. Дресови на противничката екипа може да се носат во секој дел од стадионот, освен во навивачкиот простор, кој преставува душата на нашиот клуб.“ – велат од Сент Луис Сити.

Сент Луис во моментов е лидер во Западната конференција, а на последниот натпревар го победија Интер Мајами со 3-0.

 

- Оглас -

Најнови вести