Американски кошаркар уапсен поради шверц на дрога, може да добие смртна казна

Американскиот кошаркар Џаред Двејн Шо се најде во сериозни проблеми со законот во Индонезија откако полицијата соопшти дека е уапсен под сомнение за обид за шверц на дрога.

Имено, Шо беше уапсен на 7 мај во неговиот стан во близина на Џакарта, а во Индонезија законите кога станува збор за трговија со дрога не се простувачки, па сега се соочува со драконска казна – доживотен затвор или дури, во најлош случај, смртна казна.

Кошаркарот на Далас игра во Индонезија од 2022 година, но неговата кариера би можела трагично да биде прекината доколку обвинувањата се покажат како точни.

При претресот на неговиот стан биле пронајдени дури 132 бомбони со канабис, а оваа информација ја потврдил и шефот на полицијата на аеродромот, Роналд Сипајунг.

Тој истакна дека целиот случај бил покренат кога царинската служба на аеродромот пресретнала сомнителен пакет од Тајланд кој бил адресиран до Шо.
Пакетот наводно содржел дури 869 грама од нелегалната супстанца, а според информациите што протекоа во јавноста, Шо планирал да ги сподели бомбоните со своите соиграчи.

Во Индонезија, законите кога станува збор за наркотици се исклучително строги, па затоа трговијата со дрога во таа земја носи екстремни казни, од доживотен затвор до смртна казна.

- Оглас -

Најнови вести