Екипата на Црвена ѕвезда во вторникот загуби од Лајпциг и веќе нема шанси да ја мине групата во Лигата на шампионите, но остануваат шансите за пласман на третата позиција, која води во Лигата на Европа.
Натпреварот на белградска „Маракана“, односно стадионот „Рајко Митиќ“ го следел и американскиот новинар од Си-би-ес, Марко Месина, кој е воодушевен од она што го видел, а посебно од тунелот од каде што излегуваат фудбалерите.
„Најдобриот дел беше кога дојдов на стадионот и чекорев низ легендарниот тунел. Таа работа е неверојатна! Никогаш немам видено такво нешто. Додека чекорев, не можев да поверувам колку е голем. Имав многу време за размислување, кажуваат дека и фудбалерите на Црвена ѕвезда се плашеле од овој тунел“, вели Месина.
Тој раскажа и една анегдота која ја слушнал за време на својот престој во Белград.
„Постои една анегдота, кога Синиша Михајловиќ првпат се загревал за натпревар. Со раката се потпрел на ѕидот и самата помисла дека треба да излезе на теренот го правела нервозен бидејќи 13.000 навивачи на Црвена ѕвезда стојат токму над тој тунел“, додава американскиот новинар.