Кристијано Роналдо е еден од ретките спортисти – милијардери. Голем дел од парите ги има заработено од спонзорските договори со врвни компании од целиот свет, но и од уникатните подароци кои ги добива.
Во Саудиска Арабија пристигна сопственикот на американска компанија за часовници за да му врачи на португалецот специјално изработен часовник, вреден 1.3 милиони долари. Се работи за Џејкоб Арабо или како што е неговото оригинално име, Јаков Арабов, узбекистанец со еврејско потекло, кој на 14 години со своето семејство се преселил во САД.
Кристијано Роналдо, но и останатите присутни во просторијата, останаа вчудоневидени од подарокот кој го доби португалецот, а стануваше збор за уникатен часовник, изработен специјално за него.
https://twitter.com/9NFCBALL/status/1720549209978393048?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1720549209978393048%7Ctwgr%5Ed50ddd1910400d3ebbdefa822a7eaa8bb5445a97%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Fmagazin%2Fcristiano-ronaldo-jacob-arabo%2F462045