На 23 мај во Абу Даби се играат полуфиналните дуели на фајналфор -урнирот во Евролигата и тогаш грчкиот кошаркар роден во САД, Ник Калатис, ќе стане првиот во историјата што заиграл на Ф4 за четири различни клуба.
Калатис во 2011 и 2012 година беше меѓу четирите најдобри во Европа со Панатинаикос, во 2021 играше на фајналфор во дресот на Барселона, лани како играч на Фенербахче, а годинава ќе биде учесник со екипата на Монако.
Овој 36-годишен плејмејкер има само една евролигашка титула, освоена во 2011 година.