Американскиот скејтер Нија Хастон освои бронзен медал на Олимписките игри во Париз, а потоа се врати во својата земја и гордо го покажуваше освоениот медал. Сепак, по само една недела од освоеното одличје, Хастон бил непријатно изненаден.
„Овој олимписки медал изгледа сјајно само кога беше целосно нов, но по малку време стоење на мојата испотена кожа и покажување на пријателите, квалитетот веќе не е ист каков што беше. Очигледно не е направен од висок квалитет како што се чини“, незадоволно коментираше Хастон покажувајќи фотографија на која се гледа дека од двете страни на медалот има оштетени делови.
„Не знам, но мора да го подобрат квалитетот на олимписките медали. Не изгледаат добро“, заклучи Американецот кој сепак призна дека можеби подобро ќе му било веднаш медалот да го стави во витрина, а не да го покажува на сите страни.