Американскиот тенисер за Ѓоковиќ: „Да бев на негово место, ќе останев во Србија и ќе пиев како луд“

Американскиот тенисер Францис Тијафо во осминафиналето го совлада Алексеј Попирин, тенисерот кој го елиминира Новак Ѓоковиќ во третото коло на Ју Ес опен. Тијафо по победата и пласманот во четвртфиналето имаше интересен коментар токму за Новак Ѓоковиќ.

„Да бидам искрен, мене ми беше неверојатно тоа што Новак Ѓоковиќ воопшто дојде во Њујорк да игра. Јас да бев на негово место и да освоев олимписко злато, ќе останев во Србија и ќе пиев како луд. Многу ми се допаѓа Ѓоковиќ. Секогаш се шегуваме. Нема потреба да се жалам или лажно да го кревам неговото его по елиминацијата. Новак во оваа игра направи сè, и тоа неколку пати“, рече Тијафо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести