Американскиот тинејџер треба да дебитира за Барселона

Талентираниот Конрад де ла Фуенте кој досега беше дел од Б тимот на Барселона, се очекува да дебитира во сениорскиот тим на дуелот пртив Леванте. Тренерот Роналд Куман има проблеми со тимот. Поради повреди ги нема Дембеле и Фати, а Кутињо е во слаба форма.

Токму затоа, холадскиот стратег ќе му даде шанса на Де ла Фуенте, крилен играч кој има само 19 години. Се работи за фудбалер кој е роден во Мајами во 2001 година, а уште како 12-годишно дете доаѓа во Ла Масија школата на Барселона. Откако ги помина сите младински категории, Де ла Фуенте се очекува да дебитира за сениорскиот тим на дуелот против Леванте.

По 10 одиграни меча, Барселона има само четири победи и моментно е на деветото место на табелата со само 14 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести