22.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Американските газди се дарежливи, ова се премиите кои ги добија фудбалерите на Челзи

Фудбалерите на Челзи можеби неочекувано, но сепак успеаја да дојдат до трофејот од Светското клупско првенство откако во финалето го совладаа ПСЖ со 3-0. Тоа значеше и голема премија за кубот, а заработката е рекордни 131,4 милиони евра.

Сопственикот на клубот, Тод Бојли, беше дарежлив кон фудбалерите, па 29-те играчи кои беа во ростерот за првенството во САД ќе поделат 11,6 милиони евра. Тоа би значело дека секој фудбалер ќе добие по околу 400.000 евра.

Сепак, американскиот сопственик на клубот може да биде уште позадоволен бидејќи со оваа финансиска инјекција може да ангажира нови фудбалери, а да не го наруши строгиот финансиски ферплеј во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести