Екипите на Јувентус и Милан одиграа драматично реми, 2-2, во пријателски натпревар во Карсон, САД, а победникот на крајот се одлучуваше по изведувањето на пеналите, каде што подобри беа фудбалерите на Старата дама со 4-3.
Милан на двапати имаше водство во првото полувреме, најправо преку Малик Тао во 23-тата, а потоа и преку Оливие Жиру во 39-тата минута. Даниело во 33-тата минута израмни на 1-1, а Даниеле Ругани во 48-мата минута ги постави конечните 2-2.
https://twitter.com/FootballReprt/status/1684766112330788864?s=20
Во пенал-серијата Давиде Бартесаги го промаши клучниот пенал за Милан и му дозволи на Матијас Суле со прецизен удар во последниот шут да донесе победа за Јувентус.
https://twitter.com/juventusfcen/status/1684795099979612160?s=20
Јувентус во среда ќе го одигра и вториот натпревар на американската турнеја, а противник ќе им биде Реал Мадрид, додека Милан во вторник ќе игра против Барселона.
Успешен старт на американската турнеја имаа и фудбалерите на Борусија Дортмунд, кои забележаа убедлива победа од 6-0 над Сан Диего Лојал. Интересно, сите шест голови за Милионерите беа дело на различни фудбалери. Во листата на стрелците се запишаа Даранвил, Мукоко, Ројс, Мунир, Халер и Бесонг.
https://twitter.com/FootballReprt/status/1684757860301860864?s=20
Борусија во САД ќе игра пријателски натпревари против Манчестер јунајтед и Челзи.