Раното испаѓање на Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз им ја олесни работата на многу тенисери за да стигнат далеку на САД опен, па битката за титулата вечерва во Њујорк ќе ја водат првиот носител Јаник Синер од Италија и Американецот Тејлор Фриц.
За Фриц ова е прво гренслем финале во кариерата. Тој е прв Американец кој ќе игра финале на САД опен по Енди Родик од 2003 година, но шансите за победа не му се баш големи. Според квотите во Sport Life, Синер е голем фаворит за победа, а може да одиграте и на точен резултат (3-0 во сетови за Синер е најреалната опција според квотите).
Американците имаа свој финалист и во женска конкуренција, но Џесика Пегула загуби од Белорусинката Арина Сабаленка. И кај мажите, американскиот финалист е аутсајдер, за него и самиот пласман во мечот за титула е најголем успех во кариерата.
Синер зимоска во Австралија (истотака се играше на тврда подлога како на САД опен) ја освои својата прва гренсекм титула во кариерата, вечер атакува на нов трофеј за зголемување на водството на АТП листата.