Американците бараа шоу, Кирјос го приреди (видео)

Ник Кирјос приреди вистинско шоу во победата над Кевин Андерсон на АТП-турнирот во Атланта за пласман во осминафиналето.

Американската публика знае да ужива во шоу, па Кирјос токму тоа им приреди со неверојатниот сервис меѓу нозе, по што противникот потполно се збуни и направи грешка. Австралиецот направи уште една атракција со земање поен при удар од вртење, исто меѓу нозе, со што ја запали публиката, а подоцна славеше со 7-6, 6-3.

- Оглас -

Најнови вести