Американците едвај ја победија земјата која има 160.000 жители (Видео)

Репрезентацијата на САД се пласираше во полуфиналето на Голд купот откако рано утрово минимално со 1:0 ја победи селекцијата на Курасао. Американците беа големи фаворити пред мечот, играа на свој терен во Филаделфија, но тимот кој првпат играше во нокаут-фазата не се предаде лесно.

Вестон Меккени, кој игра во германскиот бундеслигаш Шалке, во 25-тата минута го даде единствниот погодок вреден пласман во полуфиналето на САД.

https://www.youtube.com/watch?v=M33SMhtfnBc

Курасао, која е островска земја само со 160.000 жители, покажа дека има фудбалски потенцијал. Иако беа аутсајдери на овој меч, тие имаа поголем посед на топката, упатија повеќе шутеви кон противничкиот гол, изведоа повеќе корнери, но едноставно немаа среќа да погодат и да направат изненадување. Едноставно, беа подобар тим против земјата која има популација од околу 330 милиони жители.

Во полуфиналето САД ќе игра против Јамајка, која претходно со идентични 1-0 ја елиминираше Панама, додека во второто полуфинале ќе играат Хаити и Мексико.

 

 

- Оглас -

Најнови вести