Лука Дончиќ, еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата сезонава, во изминатиов период беше цел на критики затоа што многумина тврдеа дека Словенецот се здебелил повеќе од очекуваното за време на принудната пауза поради корона-вирусот.
Американските медиуми пишуваа дека не требало Дончиќ да се врати во родната земја, каде што поголем дел помина во карантин, затоа што на тој начин ризикува да падне во формата. Сепак, дека сите тие пишувања биле невистини, Дончиќ покажа на контролниот дуел против Индијана.
Словенецот за време на карантинот цело време тренирал и едноставно едвај чекал повторно да се врати на паркетот и да „дели лекции“. Против Индијана одигра 24 минути, во кои му недостасуваше само една асистенција за да има трипл-дабл. Лука заврши со 20 поени, 11 скока и девет асистенции.