Српскиот тенисер Ласло Ѓере игра одлично во последно време, го освои турнирот во Рио Де Жанеиро, сега ќе игра и полуфинале во Сао Паоло, а доби и неочекуван подарок.
Организаторите на престижниот турнир од Мастерс серијата 1000 во Индијан Велс одлучија да го поканат Ѓере да игра на еден од најегзотичните тениски настани во сезоната.
Се игра во пустината на Калифорнија, а турнирот си има свој рејтинг и речиси редовно американските тенисери добиваа специјални покани, или таканаречени вајлд карти за настап.
Сега организаторите одлучија да постапат малку поинаку, имаат доверба во Ѓере, кој е во одлична форма и тој доби повик да игра на турнирот што ќе стартува од утре.