Американците ја испратија старата година со масовна тепачка на фудбал (Видео)

Масовна тепачка приредија играчите на Мисисипи и Тулса, на мечот од колеџ лигата ноќеска, во американски фудбал за крај на 2020 година.

За испраќање на годината што ќе се памети по големата пандемија со Ковид-19, играчите на двете екипи имаа и бокс-меч, а најлошо мина играчот на Тулса, Кендарин Реј, кој си замина од теренот со помош на тренерите на неговиот тим.

Мисисипи победи со 28:26 во неизвесен меч што ќе се памети по масовната тепачка за крај на 2020 година.

 

- Оглас -

Најнови вести