Мечот кој требаше да биде дерби на денот заврши со убедлива победа на Американците против Грција со 109:81. Селекцијата на САД која е прв фаворит за освојување на златото на Мундијалот без многу мака да победи Грција, која само во првите 15-тина минути даде некаков отпор.
Грците водеа со 10:9, а потоа Американците ја превземаа предноста и по првите 10 минути беше 24:19. САД водеше со 29:25, а потоа фаворитот со серија од 13:0 стигна до 42:25, потврдувајќи ја моќта на теренот.
Во второто полувреме Американците само продолжија да ја зголемуваат предноста и на крајот стигна до победа од 28 разлика.
Денешните мечеви на Мундијалот ќе се памтат и по историската победа на Зеленортски острови против Венецуела од 81:76. Селекцијата на Зеленортски острови е убедливо најмалата земја која била дел од Светско кошаркарско првенство, а сега стигна и до првата победа.
Венецуела водеше со 69:59 на почетокот на последната четвртина, но Зеленортски острови каде живеат едвај 500.000 жители, успеа да се врати во игра и за кратко време поведе со 75:72, а на крајот и до историски триумф.