Американците ја ставија во тесно Англија, но немаа среќа, Пулишиќ ја погоди пречката

Англија и САД одиграа без голови во првото полувреме од мечот од второто коло во групата Б на Светското првенство.

Англичаните од првата минута тргнаа офанзивно во обидот да ја оправдаат улогата на фаворит, и токму тие ја имаа првата сериозна шанса. Во 10-та минута, Англичаните одиграа одлучна акција со неколку брзи додавања со кои му овозможија на капитенот Хари Кејн да остане сам во шеснаесетникот на САД, но неговиот шут заврши покрај левата статива.

Кон средина на првиот дел, се разбудија Американците кои ги создадоа своите први шанси, но немаше закана за голманот Пикфорд.

Најдобрата шанса во првиот дел ја имаше селекцијата на САД преку Кристијан Пулишиќ кој одлично шутираше од работ на шеснаесетникот и ја погоди пречката.
До крајот, Американците доминираа и постојано се закануваа, во 41 минута, Дест се најде во одлучна позиција, но неговиот удар од десетина метри беше блокиран и топкта заврши во корнер.

Во последните моменти од првиот дел, шанса имаше и Англија преку Маунт, но неговиот удар го одбрани голманот на САД, Тарнер.

- Оглас -

Најнови вести