Американците лесно ќе се справат со Тринидад и Тобаго

САД – Тринидад и Тобаго (01:30 часот – Голд куп, второ коло)

Американците како домаќини на Голд купот тргнаа според очекувањата и запишаа убедлива победа против Гвајана во првото коло. И сега пред нив е лесен противник на хартија, преку кој со нови три бода би ги осигурале шансите за нокаут фазата.

Против селекцијата на Тринидад и Тобаго во вкупно 21 меѓусебни мечеви, националниот тим на САД само четири пати не остварил победа. Два порази и две ремија, останатите средби ги добиле во просек со по два постигнати гола. Ноќеска имаат задача повторно да го покажат квалитетот, па нема да биде изненадување повторно да реализираат над три погодоци.

Предлог тип: 1-1 & 3-5 (2.75)

 

Синсинати – ЛА галакси (01:30 часот – МЛС лига)

Вториот најдобар тим од Западот не би требало да има проблеми на гостувањето кај најслабата екипа од Истокот. За првпат овие две екипи ќе се сретнат во рамки од најелитната американска фудбалска лига, а Галакси има намера да се опорави од поразот на домашен терен кој го претрпе од Њу Ингланд.

Возбудувањата во шампионатот мируваа околу десетина дена поради пресметките во купот на САД. Синсинати по 16 меча има забележано само три победи, а негативната серија од четири порази никако не им оди во полза.

Предлог тип: 2 (2.50)

 

Далас – Торонто (02 часот – МЛС лига)

Далас и Торонто се во слична ситуација во своите конференции. Канадската екипа е на седмото место на Истокот, Тексашите се две места погоре на Западот. И двата тима се во лоши форми, особено Торонто веќе седум меча е без триумф и нареди четири порази во таа негативна серија.

Далас пак игра во епизоди. Триумф, па реми, па пораз не ветувачки ритам. Сепак, во нивна позла оди меѓуссебниот скор со Торонто, во кој имаат четири победи од последните пет меча, така што Канаѓаните ќе имаат тешка задача ноќеска на „Тојота“ стадионот. Она што треба да се знае е дека често двете екипи постигнуваат барем по еден гол во секој меѓусебен дуел.

Предлог тип: ГГ3+ (1.98)

 

Чикаго фајр – Реал Солт Лејк (02 часот – МЛС лига)

Неколку играчи на Чикаго моментално се на репрезентативни обврски, а дополнителни повреди им носат и непланирани проблеми во пресрет на дуелот со Солт Лејк. Резултат на сите отсуства се моменталната лоша форма, Чикаго пет меча не знае за триумф, но ниту нивниот следен противник не е нешто подобар. Солт Лејк нареди три порази во мечеви од купот и шампионатот, така што и двете екипи ќе играат за три бода.

Гледајќи ги меѓусебните дуели, Солт Лејк може да се надева дека ќе продолжи со позитивни резултати. Од последните пет меча четири припаднаа на гостите, додека Чикаго последен пат се радуваше во март 2017 година.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.0)

 

Портланд тимберс – Хјустон Дајнамо (05 часот – МЛС лига)

Хјустон треба да го искористи лошиот период во кој се наоѓа поранешниот американски првак. Портланд моментално е последен на Западот, додека Хјустон иако засотанува три меча во однос на другите екипи, ја држи четвртата позиција на табелата и може да дојде до второто место. Ноќеска го имаат првиот обид кон таа цел, што значи дека победа на гостите е многу веројатен исход од овој меч.

Иако најчесто во последно време овие две екипи ремизираат кога играат меѓусебе, Хсјутон треба да внимава на фактот што како гости кај Портланд оствариле само две победи во изминативе осум години.

Предлог тип: X2 & 0-3 (3.20)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести