Американците на СП во ракомет во составот ќе го имаат и 40-годишниот нинџа воин

Репрезентацијата на САД се подготвува за настапот на Светското ракометно првенство каде ќе биде во група заедно со домаќинот Норвешка, Португалија и Бразил. Реално, Американците се аутсајдери во оваа група, но не треба да се заборави дека на претходниот Мундијал се израдуваа на првата победа кога со 28:27 славеа над Мароко.

На тој меч против Мароко во составот на САД беше искусниот Гери Хинс, кој и сега е во составот на националниот тим, а има 40 години. Хинс моментално игра во Германија и тоа во тимот на лангенфилд кој се натпреварува во петата лига.

Овој спортист се имаше промовирано и пред да биде ракометен репрезентативец и тоа во популарната „Нинџа воин“, каде учесниците треба да бидат максимално подготвени за да ја поминат тешката патека. Хинс во 2016 и 2017 година стигнуваше до финалето на ова натпреварување што само покажува колку добро бил подготвен, па и не е чудно што и сега со полни 40 години уште е активен и е дел од репрезентацијата на САД, па ќе биде можеби и најстариот ракометар на Мундијалот кој започнува за неколку дена.

 

- Оглас -

Најнови вести