30.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Американците најавуваат: Никола Јокиќ ќе игра за Србија на кошаркарското ЕП

Американскиот новинар Иван Сидери со објава на социјалните мрежи откри дека Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо летово ќе настапат на кошаркарското Европско првенство, секој за својата репрезентација.

Тоа значи дека Србија веднаш ќе се вброи во главните кандидати за освојувањето на трофејот, но кај нашиот северен сосед сè уште владее молк на оваа тема. Ниту од Кошаркарскиот сојуз, ниту од самиот кошаркар нема потврда дека Јокиќ ќе игра на континенталниот собир, но нема ниту инфромација за спротивното.

Доколку информациите на Сидери се точни, тогаш љубителите на кошарката ќе може да гледаат спектакуларно Европско првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести