8374 Италија – САД (14.40 ч.)
Кошаркарите на САД во последното коло од главната фаза загубија од Литванија со 110:104 и со тоа го загубија и првото место во групата. Тоа воедно беше прв пораз за НБА-ѕвездите на СП и во денешното четвртфинале ќе играат против Италија, која беше прва во својата група. Иако е четвртфинале, за сè ќе се прашуваат кошаркарите на САД, кои во досегашните два меѓусебни меча на Светските првенства, двапати славеа против Аѕурите.
Предлог тип: 2 & > 177.50 (2.04)
1065 Честер – Херефорд (20.45 ч.)
Ова е натпревар од англиската национална лига Север, и тоа меѓу екипи кои се наоѓаат на средина на табелата по седум одиграни кола. Честер има гол-разлика 6:5 во седум кола, додека Херефорд има 5:10. Минатата сезона двата тима славеа на гости, Честер со 2:1, а Херефорд со 1:0.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.45)
7330 Ј. Остапенко – К. Гоф (18.00 ч.)
Ова е дуел од четвртфиналето на последниот годинашен гренслем-турнир. Победничката на Вимблдон од 2017 година, Јелена Остапенко, изминатите неколку години игра во стилот топло-ладно, но во Њујорк конечно почна да прикажува игри кои се очекуваа од неа. Остапенко во осминафиналето ја елиминира најдобрата тенисерка на светот, Ига Швојнтек, со 2-1 во сетови. Коко Гоф е миленичка на публиката во Њујорк како домашна тенисерка. Таа славеше на последниот мастерс пред стартот на Отвореното првенство на САД, а во претходното коло во три сета ја елиминира повратничката во женскиот тенис, Данката Каролина Возњацки.
Предлог тип: 2 & > 21.50 гемови (2.65)
1085 Вортинг – Велинг (20.45 ч.)
Вортинг доживеа вистински дебакл во последното коло во англиската национална лига Југ губејќи со 4:0 од Брејнтри, додека Велинг одигра без голови против Сент Албанс. Овие два тима досега играле трипати меѓу себе и секогаш паѓале голови. Првиот дуел заврши 5:1 за Вортинг, а минатата сезона овој тим двапати славеше, и тоа со 4:2 и 3:2 и за очекување е ефикасно да биде и вечерва.
Предлог тип: 1+ I & 2+ II (1.99)
1070 Скантроп – Саут шилдс (20.45 ч.)
Ова е дерби на колото во англиската национална лига Север бидејќи меѓу себе играат вториот и третиот тим на табелата. И двата тима имаат идентичен скор, четири победи, две ремија и еден пораз, и имаат речиси идентична гол-разлика, 16:6 има Скантроп, а 15:7 има Саут шилдс.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.85)