Кошаркарската репрезентација на САД пред неколку дена го доживеа еден од најсрамните порази во историјата откако загуби на гостувањето во Хавана, од големиот (политички) ривал Куба. Сепак, таа селекција беше составена од играчи од развојната лига, а Американците за Олимписките игри во Париз подготвуваат вистински дрим-тим.
Настапот на Олимпијадата отсекогаш бил предизвик за кошаркарите од НБА-лигата, па така и ова лето САД ќе биде прв кандидат за златото. Веќе се познати осуммина кошаркари кои ќе настапат на Олимписките игри. Станува збор за Стеф Кари (Голден стејт), Џру Холидеј (Бостон), Девин Букер (Феникс), Кевин Дурант (Феникс), Леброн Џејмс (ЛА лејкерс), Џејсон Тетјум (Бостон) и Џоел Ембид (Филаделфија).
Останатите четири места во репрезентацијата ќе ги пополнат НБА-кошаркари, а најблиску до тоа се Ентони Дејвис и Ентони Едвардс. Конечниот список ќе биде познат во јуни, по завршувањето на сезоната во НБА-лигата.