Кошаркарската репрезентација на САД славеше во дербито против Србија со 105:79 на контролниот меч одигран на подготвителен турнир. Со овој триумф, Американците, кои во своите редови ги имаат најголемите НБА-ѕвезди, покажаа дека се апсолутни фаворити за освојување на златниот медал на Олимписките игри кои за помалку од 10 дена ќе започнат во Париз.
Србите само 15-тина минути успеаја да му парираат на фаворитот. Во еден момент Србија водеше со 14:9, а првите 10 минути завршија со нерешени 28:28.
https://twitter.com/i/status/1813610299389518018
На почетокот од втората четвртина Србите водеа со 26:33, а потоа беше 40:40. Американците тогаш заиграа силовито и со серија од 16:2 првпат се одлепија на двоцифрена предност од 56:42.
https://twitter.com/i/status/1813619085072298266
Добрата игра на Американците беше и на почетокот од третата четвртина, кога стигнаа и до 71:45, по што беше јасно дека на крајот нема да има дилеми околу победникот.