Американците покажаа слабост: Водеа со 24 разлика, а малку фалеше да загубат (Видео)

Американската кошаркарска репрезентација славеше со 98:92 во контролен меч против селекцијата на Австралија на турнирот во Абу Даби. На почетокот од дуелот беше израмнето (19:19), а потоа следуваше серија на Американците од 16:2 и првпат имаа двоцифрена предност (35:21).

Во продолжение на дуелот, Американците постојано имаа двоцифрена предност, а во еден момент предноста изнесуваше 24 поени (65:41). Сепак, потоа Американците се опуштија, па при резултат 86:70, Австралија со низа од 10:0 стигна на достижни шест поени негатива на четири минути пред крајот.

Негативата стигна и до четири поени (94:90), но Австралија немаше сили за комплетен пресврт и на крајот Американците се радуваа. Во таборот на селекторот Стив Кер, прв стрелец беше Ентони Дејвис со 17 поени, Девин Купер додаде 16, а Ентони Едвардс застана на 14 поени. По 10 поени постигнаа Леброн Џејмс, Бам Адебајо и Џоел Ембид.

На овој турнир учествуваше и селекцијата на Србија, која денеска ќе игра против Австралија, додека утре Србите ќе се сретнат против Американците. САД и Србија ќе бидат и во иста група на Олимписките игри во Париз, кои започнуваат за помалку од 10 дена.

- Оглас -

Најнови вести