Американците праќаат моќен тим во Париз, тешко дека некој може да им го земе златото (Фото)

Машката кошаркарска репрезентација на САД на Олимписките игри во Париз ќе има многу силен тим, кој тешко дека ќе биде поразен од некого, па се чини дека не им бега златото.

Селекторот Стив Кер веќе знае 11 имиња кои тој ќе ги предводи во Париз, останува само уште едно празно место во ѕвездениот состав кој треба да ја врати гордоста по катастрофата на ланското Светско првенство, кога САД не освои медал.

Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурант, Џејсон Тејтум, Девин Букер, Ентони Дејвис, Џоел Ембид се дел од имињата кои треба да освојат златен олимписки медал. Сите играчи на списокот, со исклучок на центарот Ембид, веќе играле за САД на големите натпреварувања. Ембид, кој е роден Камерунец, сакаше да игра за Франција, но потоа се премисли и сепак се реши за САД.

За Леброн Џејмс, кој се враќа на Олимписките игри по Лондон 2012 година, ова ќе биде четврти и последен настап на кошаркарскиот олимписки турнир. Најдобриот шутер во НБА, Кари, досега никогаш не играл на Олимписки игри.

 

- Оглас -

Најнови вести