Фудбалерите на Мексико го одбранија тронот на Голд купот, откако во финалето со 2:1 славеа над САД. Мексиканците се радуваа на трофејот, а Американците по мечот беа многу револтирани посебно поради една одлука на судиите.
Се играше 66 минута, кога при резултат 1:1, Американците бараа пенал, но арбитрите и ВАР технологијата не реагираа. САД беше во напад, кога десниот бек на Мексико во сопствениот шеснаесетник буквално ја сопра топката која се тркалаше по тревата.
Судијата Марио Ескобар не реагираше, а тоа не беше пенал ниту за арбитрите кои беа во ВАР собата и имаат можност да гледаат повторена снимка.
Esto era mano y penal que no se marco ni se revisó en el VAR. Nada nuevo históricamente la @Concacaf ha favorecido @miseleccionmx . SE SABE. #CopaOro #MexicoVsUSA pic.twitter.com/v0B5k4HSKh
— ICOS 🔟 (@IvCanton) July 7, 2025
По оваа спорна ситуација резултатот остана 1:1, а 12 минути подоцна Едсон Алварес постигна гол за Мексико што беше доволно за јубилејна десетта конктинентална титула. Американците реагираа на судењето, а еден од најгласните беше Крис Ричардс кој го постигна единствениот гол за САД.
„Човекот ја зема топката како да е Шекил О’Нил. За сите оние кои не го следат ова натпреварување, ова е КОНКАКАФ, а тие нас не мразат“, коментираше Ричардс.
Селекторот на САД, Маурисио Покетино му честиташе на Мексико за титулата, но потенцираше дека неговиот тим е оштетен.
„Сакам да ја кажам вистината. Ова да се случеше во нашиот казнен простор, судијата ќе досудеше пенал. Играчот едноставно ја стави раката над топката и за тоа треба да се дискутира. Ќе делува како некое оправдување, но ако беше досуден пенал можеби ние ќе водевме со 2:1 и на крајот можеби ние ќе се радувавме на титулата“, рече Покетино.