Селекцијата на САД го победи Мароко со 28-27, што за Американците е прва победа на светските првенства во ракомет.
Американците 22 години чекаа за гол на ракометните Мундијали, а со победата над Мароко испишаа историја, и се на чекор од пласман во вториот круг. Досега на 25 меча имаа само порази, со негатива гол-разлика -401.
На олимписки игри не биле од 1996, кога беа домаќини, а ракометот заедно со бадминтонот и пинг-пингот, се единствени три спортови во кои САД нема освоено медал. Следен олимписки турнир на кој може да играат е оној во 2028 во Лос Анџелес.
Иако не ги интересира многу ракометот и немаат лига, сепак има ентузијасти кои сметаат дека може да напредуваат многу, па дури и да се борат за медал. Засега тоа е нереално, но во иднина којзнае.