Огромен кикс: Стам ќе работи во клуб во кој не знаат како изгледа тој (Фото)

Новиот клуб на Холанѓанецот Јап Стам (47), Синсинати, објави дека овој стручњак е нивен нов тренер, но добредојде му посакаа со погрешна фотографија. Наместо слика од поранешниот играч на Манчестер јунатед, Лацио, Милан и ПСВ, тие поставија фото од Тинус ван Тененбрук, кој е тренер на младинските категории во Ајакс.

Грешката не е толку голема, Ван Тененбрук личи на Стам, што значи дека луѓето во Синсинати барем отприлика знаат како им изгледа нивниот нов тренер. По жестоката реакција на социјалните мрежи, грешката беше исправена и клубот го претстави вистинскиот Стам. Синсинати е формиран во 2018 година, а во минатата сезона го освои последното место во Источната конференција.

Еве ја првичната погрешна верзија, која беше избришана:

- Оглас -

Најнови вести