Одбојкарите на САД беа главни фаворити за златото, но на крајот мора да се задоволат со бронзениот медал. Откако синоќа беа поразени во полуфиналето од Полска, САД денеска успеа со 3:1 да слави во дуелот против Србија. Првиот сет го доби Србија со 25:23, но потоа Американците лесно со 25:17 го добија вториот сет и израмнија на 1:1 во сетови.
Третиот сет беше решавачки за мечот. Се играше израмнето, а на крајот мораа да се одиграат дури 62 поени, за да САД стигне до 32:30. Србите како да изгубија желба да се надигруваат во четвртиот сет и на крајот САД славеше со 25:19.
Вечерва од 21:15 часот се игра финалето меѓу Полска и Бразил.