Мексико – САД (03.00 ч.)
Американците се домаќини на финалето на Голд Купот, но Мексико е фаворит. Овие две селекции по шести пат ќе се сретнат во финалето од Голд купот, а во претходните пет средби Мексиканците четири пати го освојувале трофејот, на Американците им успеа само еднаш.
Мексико победува на последните девет меча во низа, но и Американците се перфектни на Голд Купот со пет победи и само еден примен гол досега. Двете селекции се офанзивно орјентирани и затоа е најдобро да се игра на голови. Женската репрезентација на САД попладнево ја одбрани светската титула на Мундијалот во Франција, а ноќеска ќе биде ред на мажите да се радуваат на титулата во Голд Купот.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.02)
Емелек – Аукас (01:00)
Емелек е тим кој е орјентиран на одбраната. Ретко дава, но ретко и прима голови. Кога ќе се соберат дадените и примените голови, ниту еден друг клуб во еквадорското првенство нема помалку дадени и примени голови. Аукас игра неубедливо на гости, па тоа треба да биде шанса за домаќините, кои пред своите навивачи имаат примено само четири гола во 7 средби.
Предлог тип: 1Х&0-2 (2.25)
Њујорк – Портланд (00:30 ч.)
Домаќините ја имаат улогата на фаворити. Њујорк има добра шанса да игра во плејофот на Истокот, додека Портланд е еден од послабите екипи на Западот. Во последните 14 меча, Њујорк нема пораз, но сепак кога се работи за дуелите со Портланд има три порази во четири средби.
На Истокот само Портланд нема пораз на свој терен, па така се очекува да биде и по овој дуел.
Предлог тип: 1&2-4 (2.95)
Северен Тексас – Гренвилд (03:45 ч.)
Водечкиот тим во Лига Еден во САД е домаќин на Гренвилд. Северен Тексас во 13 меча има 9 победи, додека гостите само четири пати се радуваа. Пред своите навивачи, Северен Тексас е перфектен и во 7 средби има 7 победи, додека Гренвилд само еднаш се израдувал во шест гостувања.
Пред два месеци, Северен Тексас на гости победи против Гренвилд, па сега е апсолутен фаворит.
Предлог тип: 1 (1.62)