Лионел Меси потпиша за Интер Мајами и шокира многумина затоа што Аргентинецот по 23 години поминати во Европа, сега заминува во САД. Екипата на Интер Мајами е најслабопласирана во Источната конференција само со пет победи во 17 меча и едноставно не буди голем интерес.
По потпишувањето на Меси за Интер Мајами, познатиот тик-токер Џон-Бернард Каируз направи една интересна анкета, која покажа дека голем дел од обичниот народ во Мајами воопшто не знае кој е Меси.
„Кој доаѓа во Мајами? Мислиш на Мис Елиот? Знам само кој е Леброн Џејс“, беа дел од коментарите на луѓето сретнати низ улиците на Мајами.
Меси во декември минатата година со Аргентина ја освои титулата на Светското првенство во Катар, а во Интер Мајами ќе заработува 50 милиони евра по сезона, но има и дополнителни бонуси за Аргентинецот.