Аморебjета го надмина и Суарес, му ја гризна главата на противникот (Видео)

Баскискиот фудбалер на парагваjскиoт Серо Портењо, Фернандо Аморебјета, направи нешто незапаметено откако противничкиот играч Нестор Камачо го гризна по главата. Ова се случи за време на дербито на парагвајскиот шампионат помеѓу Олимпија Асунсион и Серо Портењо. Олимпија победи со 4-2 и се наоѓа во добра позиција да ја освои титулата. Сите четири гола за Олимпија ги даде легендата Роке Санта Крус.

Аморебјета и Камачо неколку пати се туркаа и кошкаа, а кога Шпанецот се обиде да му го гризне черепот на противникот мислејќи дека судијата нема да го види тоа, доби црвен картон.

Аморебјета најголем дел од кариерата мина во Атлетик Билбао, а играше и за Фулам, Мидлсборо, Спортинг Хихон и Индепендиенте.

https://twitter.com/i/status/1198779977988218880

- Оглас -

Најнови вести