-2.2 C
Skopje
вторник, 30 декември 2025

Аморим: „Ако ја менувам формацијата поради медиумите, тоа ќе биде крај за мене“

Рубен Аморим од самото пристигнување во Англија е на удар на медиумите поради својот систем на игра, со по тројца дефанзивци и бекови, а на мечот против Њукасл за првпат се откажа од тоа и играше со класична четворка во одбраната, која стана и шестка во моментите кога се бранеше победата.

Сепак, Португалецот вели дека не го сторил тоа поради медиумите, туку само поради тоа што ситуацијата на теренот била таква.

„Кога дојдов тука минатата сезона, сфатив дека можеби немам фудбалери за веднаш да го играме добро тој систем, но тоа беше само почеток на процесот. Градиме идентитет. Денес е нешто друго. Немам голем број фудбалери и мора да се прилагодиме, за да сфатат зошто ги менуваме работите. Тоа нема врска со притисокот од медиумите или навивачите. Кога вие постојано зборувате за промена на системот, јас не можам да реагирам на тоа бидејќи фудбалерите ќе помислат дека тоа е поради вас, а тоа би било крај за еден тренер. Кога играме добро во својот систем, тогаш е вистинскиот момент за промена“, рече Аморим.

Манчестер јунајтед вечерва пред својата публика го пречекува „фенерџијата“ на премиерлигашката табела, Вулверхемптон, па ќе биде интересно да се види со каква формација ќе истрча Рубен Аморим.

- Оглас -

Најнови вести